Засега швајцарскиот репрезентативец со македонско потекло, Леонит Ибраимов, е приклучен во првиот тим на Сент Гален. На гостувањето кај Сион, Ибраимов се најде во составот на Сент Гален но не доби минутажа. Сепак, со сигурност тоа наскоро ќе се случи и тој ќе ја добие заслужената шанса.
Што се однесува до нас, ние и натаму ќе треба да се бориме за момчетон кое што е родено 2008 година и кое сеуште нема ниту 17. години.
Игра стандардно за У17 репрезентацијата на Швајцарија и досега за оваа репрезентација има седумнаесет официјални настапи.
Спортспорт уште пред повеќе од една година напиша за Ибраимов како еден од потенцијалните наши млади репрезентативци, а на ФФМ е да биде поагилна кога станува збор за овој екстра талентиран офанзивец.