Македонската репрезентација до 14. години предмалку на Комплексот Петар Милошевски во Скопје по втор пат во три дена загуби од соодветната селекција на Словенија. Конечните 3:4 на денешниот дуел може да се оценат како интересни, возбудливи и полни со борба за секоја топка.
Македонија поведе по само неколку секунди по една грешка на гостинската одбрана, а потоа до крајот на првиот дел, Словенија ја покажа сета своја сила и квалитет. Направи комплетен пресврт од 1:3.
Следуваше наше резултатско враќање најпрво од 3:2, а потоа и на 3:3 со голот на Јанчевски.
Сепак, на крајот Словенија успеа по втор пат да се врати и во последните моменти од мечот да го постигне победничкиот гол.
На првиот дуел загубивме со 1:3