Фото ФЦ Баер Леверкузен/ФБ
Иако не е неочекувано, сепак интересно е тоа што уште не дошол на „Сантијаго Бернабеу“, Чаби Алонсо почнал со делење на откази. Велиме не е неочекувано за Лукас Васкз, за “дететето“ на Реал Мадрид и капитен на тимот.
Со оглед на тоа дека Карвахал ја пропушти цела сезона, Васкез “мораше“ да игра кај Карло Анчелоти и по правило не на својата позиција и по правило лошо, посебно на сите четири Ел Класика.
Се шпекулира дека на Васкез лично му се јавил Чаби Алонсо и објаснил дека за него нема да има место во “новиот“ Реал па затоа најдобро ќе биде да си оди, но после Светското клупско првенство.
Васкез не правел никакви проблеми, мирно ја прифатил одлуката на идниот стратег на Реал Мадрид.