Бура во Милан: Консеисао си оди, Ибрахимовиќ добива отказ!

421
Фото: Златан Ибрахимовиќ/Инстаграм

Само освојувањето на пехарот во Купот на Италија можеше да ја спаси ужасната сезона за Милан. Но, Болоња на “Олимпико“ во Рим испиша историја и ги расплака сите во таборот на гигантот од Милано.

Не е ништо ново тоа дека тренерот Серџио Консеисао си оди, но јасно е дека уште некој мора да си оди, а тоа секако дека е Златан Ибрахимовиќ.

Швеѓанецот со балкански корени се постави така за се да се врти околу него, и не е проблем да биде ако има успеси, но успесите ги нема.

Се говори во медиумите во Италија дека газдите на Милан прво драстично ќе му ги намалат ингерециите на Златан како увертира за она вистинското, а тоа е дека тој ќе добие отказ.

Не значи дека ако си бил одличен фудбалер дека ќе бидеш и одличен директор, тоа Златан најдобро го знае.

Фото: АЦ Милан/Х

ПретходноОва не му требаше на Флик: Фановите на Еспањол вечерва и спремаат пекол на Барса! (ВИДЕО)
СледноМеси се враќа во репрезентацијата на Аргентина! (ФОТО)