Екс македонскиот младински репрезентативец, а во моментов потенцијален сениорски, Сетфан Деспотовски има одлична пролет во дресот на ОФК Београд. Одигра цели тринаесет мечеви во Суперлигата на Србија што како десен бек, неговата природна позиција, што како лев по принуда поради недостаток на играч во тимот на оваа позиција.
Деспотовски одлично се снајде и во двата случаји, а тоа не остана незабележано. Медиумите во Србија пренесуваат дека за нашиот интернационалец веќе има интерес од Белгија и Русија, што не треба да изненадува. Српската супер лига е исклучително ценета и многу често се случува играчи од неа да заминат во најдобрите шампионати во Европа.
Стефан Деспотовски беше наш стандарден десен бек, но и централен дефанзивец во формацијата 3 5 2, во последниот У21 квалификациски циклус.
https://meridiansport.rs/fudbal/defanzivac-ofk-beograda-na-ceni-prate-ga-belgijanci-i-rusi/