Претстојниот викенд на програмата е трката за ГН на Емилија Ромања на патеката во Имола, која се наоѓа во близина на Болоња. Инаку познато е дека младата ѕвезда на Формула 1, Италијанецот Кими Антонели е роден во Болоња и таму живеат неговите најблиски.
Со оглед на тоа дека има 18 години, возачот на Мерцедес сеуште е средношколец во Болоња па планира цело свое оделение да го донесе на патеката Имола.
“Со оглед на тоа дека не можам со нив да одам на ескурзија сите мои соученици се поканети и ќе дојдат да бидат со мене крај патеката. Секако дека ќе дојдат и моите најблиски, на мојата сестра и е роденден па затоа заедно ќе го прославиме. По подолго време во пресрет на трката и деновите од квалификациите ќе спијам дома, во мојот кревет. Мојот дом е во непосредна близина на патеката“ изјави голема сензација во Формула 1 и секако идна мега – ѕвезда на овој спорт.
Фото: Кими Антонели, Ф1/Х