Македонија ги доби противниците за Европското првенство

308

Македонската ракометна репрезентација ги доби противниците за претстојното Европско првенство кое од 15 јануари до 1 февруари 2026 година ќе се одржи во Данска, Норвешка и Шведска.

Селекторот Кирил Лазаров ќе играат во групата Б, а ќе ги одмерат силите против Данска, Португалија и Романија. Базата ќе биде Хернинг. Според системот на натпреварување, првите две репрезентации од секоја група ќе обезбедат место во главната рунда.

Група А (Хернинг): Германија, Шпанија, Австрија, Србија.

Група Б (Хернинг): Данска, Португалија, Македонија, Романија.

Група Ц (Берум): Франција, Норвешка, Чешка, Украина.

Група Д (Берум): Словенија, Ф.Острови, Црна Гора, Швајцарија.

Група Е (Малме): Шведска, Хрватска, Холандија, Грузија.

Група Ф (Кристијанстад): Унгарија, Исланд, Полска, Италија.

ПретходноМеси се враќа во репрезентацијата на Аргентина! (ФОТО)
СледноФИБА во стандардна “контрола“ пред кадетското европско првенство во Скопје