Македонската ракометна репрезентација доби тешка група на Европското првенство 2026 година. Селекторот, Кирил Лазаров и неговите избраници ги чека голем предизвик во Хернинг, градот домаќин на нашите мечеви од прелиминарната фаза.
ЕХФ после ждрепката го објави распоредот, Македонија првиот меч го игра на 16-ти јануари против Данска, два дена подоцна ќе ги одмери силите со Романија, додека последниот меч од групата го игра на 20-ти јануари против Португалија.
Во главната рунда одат првите две репрезентации.
Европското првенство се игра во Данска, Норвешка и Шведска.