Ново блескаво издание на Томовски, сега во Бундеслигата!

126

Мартин Томовски уште еднаш покажа дека е во фантастична форма. Она што нашиот репрезентативен голман го правеше во дресот на репрезентацијата, вечерва го направи и на голот на Потсдам против Рајн Некар Левен во меч од 29.коло во Бундеслигата.Иако Потсдам на гости загуби од РНЛ со 29:26, македонскиот голман блескаше со 12 одбрани и тој лично долго време на мечот го одржуваше својот тим во игра за добар резултат. Одбрани и еден седмерец, едноставно беше одличен, но и тоа не беше доволно за сензација.

На полувреме беше 11-11, иако во одредени моменти имаше Потсдам и водство. Нешто слично беше и во второто полувреме, имаше водство тимот на Томовски од три гола разлика, сепак на крајот големиот фаворот дојде до победата.

ПретходноСкандалозно: Парите земени а трибината во Штип ни од далеку не е готова!
СледноОсасуна го “реши“ Атлетико Мадрид, на Рајо и 2:0 не му беа доволни за триумф!