Вечерва од терминот од 19 часот се одиграа два меча од 36.коло во Ла Лига. Во Памплона домашната Осасуна со 2:0 успеа да го победи Атлетико Мадрид и со тоа да го продолжи сонот за излез на евросцената.
Стрелци на головите беа Катена во 25.минута и Будимир во 82.минута.
Рајо Ваљекано одигра само 2:2 со Бетис во меч по кој можеше да се приближи кон пласман во Европа.
Имаше и водство од 2:0 со головите на Де Фрутос и Лејеуне по првото полувреме, но во продолжение од средбата гостите од Андалузија успеаја да израмнат на 2:2 со головите на Хернандез и Иско.