Новото раководство на РФМ направи измени во селекторските места во младите категории. По одлука на Управниот одбор, Симе Симовски, се враќа во националните женски тимови, тој ќе ја предводи селекцијата до 19 години која ја чека настап на ЕП во Црна Гора, додека пак Горан Кузманоски ќе биде селектор на машката репрезентација до 17 години.
„Ве известуваме, во делот на спроведување на програмските активности, а согласно член 35 од Статутот на РФМ, односно Член 3 точка 11 ‘’Одлука без присуство’’ од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр.52 од 16.04.2010 год), на ден 15.05.2025 година Управниот одбор донесе одлука за именување на селектори во Младински категории.
- За именување на селектор г-дин Симе Симовски одговорен за женска национална селекција (У19);
- За именување на селектор г-ѓа Даниела Новеска одговорена за женска национална селекција (У17);
- За именување на селектор г-дин Славиша Димитријески одговорен за женска национална селекција (У15);
- За именување на селектор г-дин Горан Кузманоски одговорен за машка национална селекција (У17);
Со почит“, се вели во известувањето на РФМ.