Скандалозно: Парите земени а трибината во Штип ни од далеку не е готова!

748

Тоа е Македонија, само во Македонија ова е можно. Имено познато е дека пред неколку години УЕФА со својата “хет-трик“ програма преку ФФМ додели средства за изградба или реконструкција на стадионите во Штип, Кичево и Охрид.

Проблемот е во тоа што тие стадиони ни од далеку не се готови, односно роковите се пробиени. Најпроблематична е ситуацијата со стадионот во Штип, односно со изградбата на новата трибина.

Интересно е тоа што авансот е земен од страна на фирмата која е задолжена за изградбата на стадионот уште пред четири години.

Јасно е дека таа ни од далеку не е готова, а рокот за предавање е 31 јули 2025 година. Сепак од тоа што може да се види е тоа што има мал милион недостатоци што се вели, а потрошени се 2,3 милиони евра. Реално вака не може да има примопредавање или технички прием, тука нема дилеми.

Во случај рокот да не биде запазен, односно да биде пробиен а според се тоа секако дека ќе се случи, раководството на Фудбалската федерација на Македонија ќе преземе соодветни мерки за неисполнување на договорот.

Скандалот е уште поголем, а тоа го знаат сите што ја виделе, е како изгледа сега новата трибина. Како да била градена пред децении, а не сега или пред две – три години и не е завршена.

Инаку според договорот, додека во целост не биде готова оваа трибина, не може да се почне изградбата на другата трибина.

А кога ќе биде тоа? Тоа никој не може да го каже!

ПретходноМакедонските ракометари отвaраат против Данска на 16. јануари
СледноНово блескаво издание на Томовски, сега во Бундеслигата!