ФИБА во стандардна “контрола“ пред кадетското европско првенство во Скопје

40

Претставници од канцеларијата на ФИБА, делот задолжен за Стариот Континент, денеска беа во посета на Скопје, каде во период од 7. август до 16. август ќе се одигра кадетскиот шампионат за кошаркари до 16 години (дивизија Б). 

Целта на претставниците на ФИБА Европа односно Ана Саторе, од одделот за натпреварувања на ФИБА Европа и Нина Башовиќ – ФИБА технички делегат, беше проверка на инфраструктурата, односно објектите и спортските сали во нашиот главен град каде ќе престојуваат и ќе се натпреваруваат 22 репрезентации од Европа, вклучувајќи ја и нашата национална селекција.

ФОТО: кфсм

ПретходноМакедонија ги доби противниците за Европското првенство
СледноФК Карпошово поддржан од страна на ФФМ, дел од настанот Шампиони, организиран од Фудбалскиот сојуз на Србија (ФОТО)