Од страна на Фудбалската Федерација на Македонија предмалку соопштија дека се пуштени во продажба билетите за претстојниот финален меч од Купот на Македонија. Истиот ќе се одржи на 21. мај, поточно следната среда со почеток во 20:00 часот, а секако во него ќе се сретнат финалистите Вардар односно Струга Трим Лум.
Во оптек се пуштени билети за Северната, Јужната и Западната трибина од Арената Тодор Проески во Скопје.
Билетите пак ќе чинат симболични 100 денари за Девер и Југ, додека пак Западната трибина која што традиционално е „резервирана“ за навивачката група на Вардар ќе чини 50 денари.
Билетите можат да се купат на официјалниот сајт, https://eticket.ffm.mk