Македонската делегација во состав потпретседател на ФФМ, Марјан Стојковски, в.д Генерален секретар Дрилон Ганиу, како и Генералниот секретар Леонид Јандреоски во моментов се наоѓа во Асунсион, Уругвај, каде што се одржува 75. редовен ФИФА конгрес.
Нашата делегација веќе неколку дена е во Јужна Америка, каде што организаторот има интензивна програма за учесниците на конгресот, и каде што активностите се секојдневни.
Секако, на конгресот ќе бидат донесени неколку одлуки кои што се од голема важност за светскиот фудбал, а се во насока на подобрување на истиот од секој аспект.