Меси се враќа во репрезентацијата на Аргентина! (ФОТО)

109

Селекторот на Аргентина, Лионел Скалони, денеска го објави поширокиот список со играчи на кои ќе смета за претстојните квалификациски средби за СП 2026, против Чиле и Колумбија. Како прво на него е и Лео Меси, најдобриот фудбалер на сите времиња, човекот кој на “гаучосите“ им ја донесе третата титула светски првак и триумфите на двете последни Копа Америка.

Познато е дека поради повреда Меси не беше во составот на Аргентина на последиот собир, односно на последниот квалификациски циклус. Исто така во составот се враќаат Алехандро Гарначо и Валентин Барко, а ги нема Херман Песела, Маркос Акуња и Гонзало Монтиел.

Ова е прелиминарниот список на Скалони, од имиња и квалитет просто да се “смрзнеш“:Image

ФОТО: Селекцион Аргентина/ФБ

ПретходноБура во Милан: Консеисао си оди, Ибрахимовиќ добива отказ!
СледноМакедонија ги доби противниците за Европското првенство