Минесота го елиминираа Голден Стејт за финале на Западот (ВИДЕО)

118
Фото: Минесота/Твитер

Кошаркарите на Минесота Тимбервулвс се пласираа во финалето на Западната конференција откако без поголеми проблеми ги елиминираа Голден Стејт Вориорс во серијата.

Минесота игра фантастично во плејофот, а овој тим го демонстрираше тоа против Голден Стејт, победувајќи со 4:1.

Тимбервулвс покажаа зошто се едни од фаворитите за освојување на титулата во НБА, без Стеф Кари беше полесно за нив, иако се очекуваше дека Вориорс дури и можат да изненадат. На последната средба Минесота беше подобра со 121:110.

Домашниот тим имаше предност од самиот почеток на натпреварот, која не ја испушти, а таа растеше од напад во напад.

Минесота до победата ја предводеше Рендл, кој го заврши натпреварот со 29 поени, осум скока и пет асистенции, а се истакна и Едвардс со 22 поени, 12 асистенции и седум скока.

Бостон Селтикс и Њујорк Никс ја продолжија драмата во оваа серија. Селтикси победија убедливо со 127:102 и поведоа со 3:2, приближувајќи се до пласман во финалето на Источната конференција.

ПретходноРеал Мадрид со гол во 90+5.минута не и дозволи на Барса вечерва и официјално да биде шампион! (ВИДЕО)
СледноСамарџиев го остави Работнички среде полуфинална серија