Хаос во финалето на Купот на Словенија. Играчите се тепаат, тренер тргна кон директорот (ВИДЕО)

552
Фото: Screenshot: Sportklub

Целје го победи Копер со 4:0 во финалето и го освои Купот на Словенија. Но, овој меч се најде во центарот на вниманието поради инцидентите на теренот.

Првиот се случи во 48-та минута кога играчот од средниот ред на Копер, Ахмед Сидибе го турна одзади противничката играч од средниот ред, Светлин, по што дојде до мешаница на теренот, еден од играчите на Целје заврши на земја држејќи се за главата, додека другите се туркаа по аут-линијата, а навивачите фрлаа чаши кон нив. На крајот, дефанзивецот на Копер, Фелипе доби црвен картон.

Откако судијата означи крај на натпреварот, тренерот на Целје, Алберт Риера, луто се упати кон клупата на Копер. Дело пишува дека клупата на Копер го провоцирала шпанскиот тренер, кој сакал да се пресмета со спортскиот директор Ивица Губерц.

Членовите на клубовите се нападнаа меѓусебно, а некои се обидоа да спречат поголем хаос. Што се случуваше на теренот можете да видите ТУКА.

ПретходноФИФА очекува приходи од милијарда долари од Светското првенство за жени
СледноСУПЕР МИЛИОНЕР ВО СКОПЈЕ: ИГРАЧ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА ОСВОИ 7.433.014 ДЕНАРИ