Кошаркарите на Денвер победија против Оклахома во шестиот натпревар од плејофот на НБА со 119:107 и изедначија на 3-3 во серијата.
Никола Јокиќ повторно одигра брутална игра, водејќи го својот тим во седмиот натпревар. Српскиот центар зад своето име запиша 29 поени, 14 скока и осум асистенции.
Кошаркарите на Денвер изградија предност од првата минута, а првата двоцифрена предност ја стекнаа со резултат 28:18. Гостите брзо се вратија во игра, на одморот имаа 61:58. По што на сцена стапи Никола Јокиќ и го водеше својот тим до пресврт и предност од 90:80. Последната четвртина покажа дека тимот на Денвер го има потребниот шампионски менталитет, предводен од одличниот Јокиќ.
На крајот, Денвер победи и го израмни резултатот на 3:3, а седмиот натпревар ќе одлучи кој оди во големото финале на Западот.
Горчливиот вкус на оваа победа го остави повредата на крилниот центар на Нагетс, Гордон, додека Џамал Мареј речиси и да не играше.