Хрватскиот сојуз казнет со скоро 100.000 евра и еден меч на репрезентацијата без гледачи

80
фото: HNS (X)

Дисциплинската комисија на УЕФА изрече ригорозна казна за Хрватскиот фудбалски сојуз (ХНС) поради нередите кои ги направија хрватските навивачи на двомечот со Франција од четвртфиналето на Лигата на нации.

Хрватите се казнети со вкупно 93.000 евра, а следниот домашен меч ќе се игра пред празни трибини. На хрватските фанови исто така им е забрането да присуствуваат на следниот натпревар на репрезентацијата на гостински терен.

Поради инцидентите на домашниот натпревар на „Пољуд“ во Сплит против Франција, Хрватска беше казнета со 10.000 евра за пиротехника, 8.000 евра за употреба на ласери и 14.000 евра за блокирање на влезовите. За натпреварот во Париз, ХНС е казнет со 25.000 евра за пиротехника и 8.000 евра за нанесување штета на стадионот „Стад де Франс“. Исто така, Хрватскиот фудбалски сојуз мора да им исплати отштета на Французите, со што вкупната казна изнесува 93.000 евра.

На следниот домашен натпревар на Хрватска нема да има гледачи.

ПретходноГатузо заминува од Хајдук: Нема да барам ни евро, затоа што не заслужив!
СледноЕнрике: Нема да му посакам успех на Анчелоти во Бразил, бидејќи навивам за Шпанија