РК Алкалоид замина за Атина каде што во недела ќе го игра своето прво финале во ЕХФ Европскиот Куп. Ракометарите во добро расположение ја напуштија Автокоманда и се упатија кон 700 километри оддалеченото боиште кое ќе биде запишано како историско за клубот.
Првиот натпревар од финалниот двомеч ќе се игра во недела со почеток од 18:00 часот во Атина, а директен ТВ пренос ќе има на МРТВ.
Македонската спортска, пред се ракометна јавност очекува добар настап на избраниците на стратегот Кире Лазаров со надеж дека тие во Атина ќе дојдат до добар резултат за да во реваншот во Скопје се бие голема битка за пехарот во ова европско ракометно натпреварување.