Алкараз е во финалето во Рим, четврто големо финале за Шпанецот оваа година

64

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз стана прв финалист на Мастерсот во Рим.

Тој во денешното полуфинале го победи Лоренцо Мусети со 6:3, 7:6(4) и успеа да стане првиот кој оваа година што стигнал до четири финалиња (претходно во Ротердам, Барселона и Монте Карло). Севкупно, ова ќе биде негово 25-то финале на АТП турнејата.

Шпанецот сега има финалиња на шест различни Мастерс турнири, вклучувајќи ги сите на земјени терени: Индијан Велс (титули во 2023 и 2024 година), Мајами (титула во 2022 година), Монте Карло (титула во 2025 година), Мадрид (титули во 2023 и 2022 година), Рим и Синсинати (финале во 2023 година).

Во недела, Алкараз во битка за трофејот ќе се соочи со подобриот од второто полуфинале меѓу Јаник Синер и Томи Пол.

ПретходноВМФЛ: “Лавовите“ и официјално прволигаши, Арсими пред историја, ќе “врие“ во Штип во битка за баражот!
СледноШортс потпишува за Панатинаикос и ќе игра заедно со охриѓанецот Осман!