Астон Вила со злато вредни три бода против Тотенхем за место во ЛШ

48
фото: Aston Villa (X)

Фудбалерите на Астон Вила остварија исклучително важна победа од 2:0 над екипата на Тотенхем во претпоследното коло од англиската Премиер лига зголемувајќи си ги шансите на крајот на сезоната да завршат на едно од местата кои обезбедуваат пласман и учество во Лигата на шампионите следната сезона.

По првите 45 минути кои минаа без постигнат гол, на стартот на вториот дел момците на Унаи Емери најдоа начин како да го совладаат гостинскиот голман Кински. Најпрвин во 59. минута Конса успеа да го отвори резултатот за 1:0, а со голот на Камара во 73. минута, домашните практично ги потврдија трите бода од овој меч, кој во неколмплетното претпоследно коло им носат пласман на 4. место на табелата.

Во Англија вечерва значаен меч играат и Челзи и Манчестер Ј. од кој исто така зависи распоредот на првите пет места на табелата.

Standings provided by Sofascore

 

ПретходноБаер не попушта: Или 150 милиони евра или Вирц не оди никаде!
СледноСинер со пресврт го победи Пол, в недела тениска класика во Рим