Билетите за реваншот во Скопје од европското финале по 200 и 300 денари! (ФОТО)

147

Од таборот на РК Алкалоид информираат дека во понеделник (19.05.2025) ќе бидат пуштени во продажба билетите за реваншот со АЕК од финалето на ЕХФ Европскиот Куп. Истите ќе чинат по 200 и 300 денари.

Познато е дека нашиот европски претставник првиот дуел од овој двомеч ќе игра во Атина во недела, а реваншот се игра во Скопје на 25 мај во салата “Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот.

Секако дека нема да изостане поддршка од трибините за четата на стратегот Кире Лазаров на овој реванш меч во финалето во ЕХФ Европскиот Куп.

ПретходноГалевски: Знаеме како е да се игра пред пеколна атмосфера!
СледноФФМ: Мечот Кожув – Башкими се регистрира како одигран, но нема бодови за ниту една екипа!