Вардар прокнижи нова победа над Бутел

74
фото: RK Vardar 1961 (facebook)

Сосема очекувано, ракометарите на Вардар 1961 ја забележаа шестата побед аво плеј-оф делот од Суперлигата, откако денеска како гости против Бутел славеа со 37:30. Иако Вардар се водеше како домаќин, средбата се одигра во салата на Бутел, бидејќи двата тима ги заменија домаќинствата во плеј-офот.

Бутелчани имаа сили за да му парираат на ривалот само во првите минути од мечот. Потоа откако Вардар тргна посилно, разликата веќе дојде до израз. Во финишот на полувремето Вардар додаде „гас“ и на одмор замина со 21:13.

Во продолжението Вардар не му остави многу отворени опции на домаќинот и стигна до убедлива победа. Хориха постигна 7 гола за Вардар, додека кај Бутел најефикасен беше Субашевски со 6 погодока.

ПретходноМитревски: Не сме фаворити во групата, но ќе играме со сите и ќе целиме кон следната рунда
СледноШампиони, шампиони: Сега може една пура на раат!