ВМФЛ: “Лавовите“ и официјално прволигаши, Арсими пред историја, ќе “врие“ во Штип во битка за баражот!

2138

Откако денеска Комисијата за натпревари на ФФМ и официјално се произнесе околу мечот Кожув – Башкими, регистриран е како одигран, но нема бодови на ниту една екипа, сега е јасно дека Македонија ЃП и официјално можеме да ја прогласиме за прволигаш без разлика што ќе се случи во недела во рамките на последното коло во ВМФЛ.

Еве сега како изгледа табелата.

1.Македонија ЃП 64

2.Арсими 62

3.Башкими 60

4.Брегалница 58

Познато е дека првите две екипи обезбедуваат директен пласман во елитата а третопласираниот тим игра бараж со десеттиот од ПМФЛ за пласман во прволигашкото друштво.

Секако дека најблиску до тоа второ место сега е Арсими кој е пред испишување на историја, на кого му треба победа на гости кај Вардар Неготино. Може и со реми па и со пораз, но ќе треба Башкими да не победи во Штип кај Брегалница.

А штипјани имаат шанса со победа над Башкими да завршат како трети и да играат бараж.

Нема дилеми дека во недела во тоа последно коло ќе биде супер интересно.

Ова се двојките: Македонија ЃП – Беласица, Вардар (Н) – Арсими и Брегалница – Башкими.

ПретходноФФМ: Мечот Кожув – Башкими се регистрира како одигран, но нема бодови за ниту една екипа!
СледноАлкараз е во финалето во Рим, четврто големо финале за Шпанецот оваа година