Во Англија нема веќе да има полноќни трансфери во последниот ден од преодните рокови!

86

Често најспектакуларни беа последните денови, часови па и минути од преодните рокови. Посебно кога документацијата ќе задоцнеше па целиот трансфер пропаѓаше за некоја минутка.

Сега веќе нема да биде така, барем не во Англија. Имено досега преодниот рок во последниот ден траеше до 00.00 часот, и затоа имаше и полноќни трансфери, но сега тој последен рок во последниот ден ќе биде до 19 часот.

Ова ќе важи и за дополнителниот преоден рок од 1 до 10 јуни порадо Светското клупско првенство, а секако дека ќе важи и за летниот преоден рок од 16 јуни до 1 септември.

ПретходноМитровски еден од петте кандидати за најдобар фудбалер во Хрватска!
СледноИнфантино доцнеше поради Трамп, Чеферин го напушти конгресот на ФИФА!