Во Работнички назначија наследник на Горан Самарџиев

169

Горан Самарџиев после вториот пораз од ТФТ во полуфиналната серија во плеј-офот си поднесе оставка, а раководството на Работнички одлучи да ја прифати истата, иако промената доаѓа во незгодно време.

Обрврската да се обиде да го врати најтрофејниот кошаркарски колектив за пласман во финалето му припадна на Нермин Пепиќ. Станува збор за млад стратег, кој во Работнички работи со јуниорскиот тим.

Дебито на клупата на Работнички како прв тренер ќе го има недела, кога Работнички го пречекува ТФТ и воедно нема право на грешка, бидејќи противникот води со 2-0 во полуфиналната серија, поточно е на победа до големото финале.

ПретходноИнфантино доцнеше поради Трамп, Чеферин го напушти конгресот на ФИФА!
СледноПроблеми на стартот: Мирасчиев откажа, Маџунков под прашалник