Гатузо: Во недела за последен пат го водам Хајдук на „Пољуд“, нема да земам отпремнина!

345

Во шампионатот на Хрватска остануваат уште две кола до крајот. Иако речиси цела сезона беше во игра за титулата, сепак “билите“ и овојпат нема да бидат шампиони.

Јасно е дека ова е голем неуспех за Хајдук кој две децении чека трофеј во ХНЛ и затоа мора да има промени како во раководството така и во стручниот штаб.

Ако нешто се знае дефинитивно тоа е дека Џенаро Гатузо нема да остане на клупата на Хајдук, тој тоа го најави на денешниот прес пред дербито во недела со Ријека. Инаку негов последен меч ќе биде оној од последното коло на гости кај Шибеник.

Можам да кажам дека ова ми е последен пат да го водам Хајдук како тренер во Сплит. Имам уште една година од договорот, но нема да земам отпремнина, не сум таков човек. Не сакам да земам пари за тоа што не сум го одработил. Ми треба два часа да објаснам некои работи.Сепак според мене Хајдук е голем клуб во мал град, и тоа е тешко. Хајдук е животен стил, за него се навива од мали нозе. Чуствувам гордост што бев тренер на овој клуб“ рече покрај другото Италијанецот.

ФОТО: НК Хајдук/ФБ

ПретходноСудии за ПМФЛ: Трпчевски “главен“ во Битола, Ристовски ќе им суди на Брера и Работнички
СледноВАР системот добива целосна имплементација со транспарентен и едукативен пристап! (ФОТО)