Гатузо заминува од Хајдук: Нема да барам ни евро, затоа што не заслужив!

213
фото: HNK Hajduk Split (facebook)

Италијанскиот стратег Џенаро Гатузо потврди дека ќе го напушти клубот на крајот од сезоната, а иако има уште една година од договорот нема да бара никаква финансиска надокнада од сплитските бели.

„Сигурно ова е последен натпревар за мене на Пољуд. Имам уште една година од договорот, но работиме на тоа да си заминам на крајот од сезоната“, потврди Гатузо за хрватските медиуми.

„Ќе си заминам без да барам ништо за возврат. Нема да прифатам отпремнина, затоа што ни ја заслужувам. Ќе го добијам само она што ми припаѓа сега. Парите никогаш не ми биле клучни и важни“, дополнил Италијанецот.

ПретходноХујсен уште вечерва ќе потпише за Реал
СледноХрватскиот сојуз казнет со скоро 100.000 евра и еден меч на репрезентацијата без гледачи