Горан Самарџиев откако си замина од Работнички, не чекаше многу на нов ангажман. Имено тој е новиот селектотр на нашата млада кошаркарска селекција до 20 години. Тој добил понуда и истата ја прифатил.
Новото раководство на КФСМ одлучи да направи промени во речиси сите селекции, а за таа до 20 години избран е токму Самарџиев.
Пред него, заедно со своите избраници, е ЕП во Б-дивизијата кое ќе се одржи во Ерменија а Македонија е во група со Австрија, Швајцарија, Холандија, Данска и Грузија.
Што се однесува до Работнички, за наследник на Самарџиев, назначен е Нермин Пепиќ кој треба да биде со екипата до крајот на оваа сезона.