Алкалоид во недела во Атина против АЕК на гости ќе го одигра првиот финален меч од ЕХФ Европскиот Куп. Пред заминувањето ракометарите на нашиот европски претставник го одработија и последниот тренинг, а на него беше и Претседателот на УО на Алкалоид АД Скопје, Живко Мукаетов кој на играчите им посака среќа во Атина, секако дека се вратат со добар резултат пред реваншот во Скопје.
Играчите и стручниот штаб на чело со Кирил Лазаров му се заблагодарија на поддршката и ветија максимална борба на овој двомеч, за нов европски клупски успех.
Инаку РК Алкалоид е максимално подготвен за неделниот меч во Атина, атмосферата во тимот е одлична и сите веруваат во себе и своите квалитети.
Првиот финален меч се игра во Атина во недела со почеток во 18 часот, обезбеден е и директен пренос на МРТВ.