Макс Верстапен со лажно име тестираше Ферари ГТ3!

282

Извесен Франц Херман минатиот петок предизвика вистинска лудница на славната патека Нирбургринг. И ништо немаше да биде сензацинално, ако тој Херман всушност беше светскиот првак во Формула 1, Макс Верстапен и најголемото чудо е што Холанѓанецот тестираше Ферари ГТ3.

Од она што било забележително и што кажуваат очевидците, Макс со тоа Ферари ГТ3 го подобрил рекордот на патеката за цели две секунди.

Макс Ферстапен во Ферари?!

Нешто подоцна и Хелмут Марко, шефот на Ред Бул чиј член ја потврди оваа информација.

Да, тоа беше Верстапен. ГТ е голема љубов на Макс, тој има и свој тим.Ми кажа дека го урнал рекордот со само три извозени круга. Ја знае во детали целата патека и кажа повеќе детали отколку по возењето во Формула 1“ посочи шефот на Ред Бул.

ФОТО: Макс Верстапен/Формула 1/Х

ПретходноВо Јувентус веќе немаат дилеми за Антонио Конте
СледноЖивко Мукаетов им посака среќа на ракометарите на Алкалоид во пресрет на финалниот двомеч со АЕК! (ФОТО)