Маркоски: АЕК има искусен тим! Ние треба да го сториме она што најдобро го знаеме!

143

Алкалоид ги прави последните подготовките пред првото историски финале во ЕХФ Европскиот Куп против АЕК на гостински терен (недела, 18 часот). Грчкиот тим е голем фаворит, на сите позиции е добро покриен со искусни странски играчи. Но, и покрај ова целта на сите во таборот на актуелниот освојувач на Купот на Македонија е да го спроведат договореното, смета еден од најискусните ракометари во составот, Никола Маркоски.

„Играме против искусна екипа составена од огромен број на интернационалци надвор од Грција. Имаат доста Французи во своите редови, добро се пополнети на сите позиции во тимот, а би издвоил дека имаат квалитетен голман и средни бекови. Она што ќе биде важно е ние да го сториме она што најдобро го знаеме, да ја наметнеме нашата игра и не да не дозволиме противникот да го диктира ритамот. Ако успееме во тоа, ако постигнеме голови од брзи контранапади, верувам дека ќе стигнеме до резултатот што сите го посакуваме“.

Атмосферата во Атина ќе биде „пеколна“, нешто што не е непознато за сите во тимот. Во Македонија голем дел од мечевите, особено дерби дуелите се играат пред полни трибини.

ПретходноПроблеми на стартот: Мирасчиев откажа, Маџунков под прашалник
СледноБарса го победи Реал сите четири пати, гестот на Ханси Флик стана хит