Македонската ракометна репрезентација вчера ги дозна ривалите за Европското првенство следната година. еден од нашите најсикусни ракометари, голманот Никола Митревски, ден по ждрепката даде свое видување на противниците кои ги добивме.
„На европските првенства нема лесни групи и лесни противници. Паднавме во групата со две од четирите репрезентации кои играа полуфинале на овогодинешното светско првенство, Данска, која повторно ќе е главен фаворит за златниот медал, Португалија која ќе сака да направи уште еден чекор напред и репрезентацијата на Романија која доаѓа од четвртиот шешир, но е доста незгодна. Ќе играме со сите, ќе се обидеме да направиме што подобар резултат, иако не сме фаворити за првите две места, сепак сме покажале дека можеме да играме и да победуваме со кој било и треба да целиме на пласман во следната рунда“, вели Митревски.
Македонија на ЕП 2026 ќе бид ево данскиот град Хернинг, каде ќе отвориме токму со домаќинот, а потоа следуваат и дуелите со Португалија и Романија.