Митровски еден од петте кандидати за најдобар фудбалер во Хрватска!

351
фото: NK Varaždin (Facebook)

Уште една потврда дека Димитар Митровски, нашиот репрезентативен играч за врска игра во животна форма. Имено тој оваа сезона блеска во дресот на Вараждин, стрелец е и на неколку прекрасни голови па затоа доаѓа и едно убаво признание, а тоа е дека еден од петте кандидати за најдобар фудбалер во сезоната 2024/25 во ХНЛ, во хрватската елитна лига.

Митровски досега во дресот на Варажди, инаку првенството сеуште не е завршено, 26 меча и притоа забележа 7 голови.

Покрај него како кандидати за најдобар фудбалер се и Марко Ливаја (Хајдук), Тони Фрук (Ријека), Ален Гргиќ (Славен Белупо), Роберт Мудражија (Локомотива).

Митровски има силна конкуренција, но сепак и ова што стигна меѓу петте најдобри секако дека е голем успех за него.

ФОТО: НК Вараждин/ФБ

ПретходноЕХФ направи промена во распоредот на Македонија за претстојното ЕП!
СледноВо Англија нема веќе да има полноќни трансфери во последниот ден од преодните рокови!