Официјално: Шишковски потпиша нов договор со Борац Бања Лука!

141

Нашиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац Бања Лука најмалку уште една година. Како што денеска и официјално се пофалија од страна на раководството на овој клуб од БиХ, Македонецот и Борац потпишале нов договор на една година.

Ова и не е неочекувано посебно ако се знае дека Шишковски во пролетниот дел бранеше фантастично на голот на клубот од Бања Лука.

“„Не се двоумев многу кога пристигна понудата за продолжување на нашата соработка. Се чувствувам како дома во Борац и Бања Лука уште од првиот ден и ми е мило што ќе ја бранам честа на клубот и градот следната сезона. Направивме многу и постигнавме незаборавни успеси на европската сцена. Со нетрпение ги очекувам новите предизвици.“ рече Шишковски, кој потпиша договор до крајот на следната сезона.

Оливер Јандриќ, спортскиот директор на Борац, исто така е задоволен, пофалувајќи го Дамјан за сè што направи во текот на оваа сезона.

„Тој покажа дека е вистински професионалец и дека клубот може да смета на него во секое време. Тој останува дел од нашето фудбалско семејство и од него зависи да продолжи со својата добра работа со задачата да ја држи нашата мрежа неактивна што е можно повеќе натпревари.“ истакна Јандриќ

ФОТО: ФК Борац Бања Лука/ФБ

ПретходноДосегашниот тренер на Работнички ќе биде селектор на У-20 репрезентацијата на Македонија
СледноАлкалоид отпатува во Атина, каде во недела игра историско финале! (ФОТО)