Сериозна закана во Севиља: Навивачите обесија кукла на мост со кеса на глава

224
Фото: Screenshot: X

Навивачите на Севиља испратија заканувачка порака до претседателот на клубот Хозе Марија дел Ниго, Караско. На еден мост во овој град виси кукла која на главата има кеса и шал од Севиља, а до неа транспарент: „Јуниор, ова е твојот крај“. Од Севиља ја известиле полицијата и истрагата е во тек.

Тензијата околу клубот не стивнува и покрај тоа што Севиља го обезбеди останувањето во Ла Лига. Претседателот на клубот, Дел Нидо Караско, веќе подолго време е мета на незадоволните навивачи, кои често му викаат од трибините: „Јуниор, оди си“.

По поразот од Селта Виго минатата недела, неколку стотици навивачи на Севиља го пречекаа автобусот на тимот во тренинг кампот на клубот. Според „Марка“, цивилната гарда и националната полиција морале да интервенираат за да ѝ дозволат на екипата да влезе во комплексот. Куршуми беа испукани од воздушен пиштол, додека навивачите возвратија со навреди и фрлање јајца. Таа ноќ, фудбалерите на Севиља спиеја во кампот.

Севиља го осуди вандализмот. Пред неколку недели, по поразот од Атлетико Мадрид, директорот за стратегија и развој на клубот, Наваро беше нападнат додека го напушташе стадионот, а вчера навивачите на Севиља, го прогласија Дел Нидо Караско и целиот негов Управен одбор за непожелни.

ПретходноБесниот Флик ги бркаше играчите по теренот (ВИДЕО)
СледноЈамал не го заборави главниот „виновник“ кој му даде шанса