Синер со пресврт го победи Пол, в недела тениска класика во Рим

45
фото: ATP Tour (X)

Јаник Синер го победи Томи Пол во второто полуфинале во Рим и закажа голема неделна пресметка за трофејот со Шпанецот Карлос Алкараз. Италијанецот победи со 1:6, 6:0, 6:3, земајќи девет гема по ред во средината на натпреварот.

За Синер ова беше 26-ти натпревар по ред без пораз, откако последниот пораз го доживеа во октомври во финалето во Пекинг токму против Карлос Алкараз.

Ова ќе биде седмо Мастерс финале во кариерата за Синер и прво на земјена подлога.

ПретходноАстон Вила со злато вредни три бода против Тотенхем за место во ЛШ
СледноПроблеми за Јунајтед: Ретклиф изгубил 7,6 милијарди евра!