Секако дека за 28-та титула на Барселона најзаслужни се Флик, Јамал, Рафиња…но она што го направи Војчех Шчесни е за паметење. По повредата на Марк-Андре Тер Штеген, Хоан Лапорта по наговор на Ханси Флик го повика во Барселона. Полскиот голман веќе беше во пензија, но го прифати предизвикот. Дојде онака мангупски да биде втор голман, но сега по освојувањето на пехарот во Ла Лига се покажа дека бил вистинско решение. Шчесни беше маестрален.
Познат по тоа дека од своите играчи бара максимална дисциплина, дури и на Јамал му се лутеше кога тинејџерот ќе задоцнеше минута – две на тренинг, но Флик никогаш не го коментираше неспортскиот живот на Шчесни, посебно за цигарите.
И на крај се виде дека бил во право, а синоќа веднаш по мечот со Еспањол, конечно испуши една пура на раат, онака шампионски.
ФОТО: ФЦ Барселона/ФБ