Се чини дека нема ништо од трансфер во НБА на нашиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс. Имено како што пренесуваат релевантни извори од кошаркарска Европа, Шортс најверојатно ќе потпише договор со Панатинаикоцс, клубот кој на завршницата на Ф4 ќе ја брани титулата освоена минатата сезона.
Познато е дека во тимот на “зелените“ од Атина, игра и охриѓанецот Чеди Осман.
Шортс имаше блескава сезона во дресот на Париз. Беше и еден од кандидатите за МВП во Евролигата и не тајна дека во моментов е еден од најбараните кошаркари во Европа.
ФОТО: БЦ Париз/ФБ