Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, зборуваше за назначувањето на Карло Анчелоти за селектор на репрезентацијата на Бразил.
„Не мислам дека некогаш постоел тренер кој имал кариера како Анчелоти. Очигледно, не сакам никаков успех за бразилскиот тим или за Анчелоти, бидејќи сакам Шпанија да продолжи да доминира. Но, одлично е што Италијанец го тренира бразилскиот тим. Ова е многу ветувачка комбинација“, изјавил Енрике.
55-годишниот стратег беше селектор на шпанската репрезентација од 2018 до 2022 година. Енрике е на чело на ПСЖ од летото 2023 година.