ЕХФ направи промена во распоредот на Македонија за претстојното ЕП!

5385

Европската ракометна репрезентација денеска направи промена во распоредот, поточно за мечот од второто коло на ЕП. Македонската ракометна репрезентација на вториот меч на континенталното натпреварување ќе игра против Португалија, а додека со Романија ќе ги одмери силите во последното коло од групната фаза.

Селекторот Кирил Лазаров и неговите момци отвараат против домаќинот и светски првак, Данска на 16. јануари, два дена подоцна (18 јануари) е мечот со Португалија, додека пак на 20. јануари е дуелот со Романија.

Според системот на натпреварување само првите две селекции од секоја група одат во главната рунда. Главна база на македонските ракометари ќе биде Хернинг.

ПретходноТренерот на АЕК со порака до фановите пред мечот со Алкалоид: Дојдете да доживееме уникатно искуство!
СледноМитровски еден од петте кандидати за најдобар фудбалер во Хрватска!