Пред утрешното последно коло во ПМФЛ: Брера или Беса, кој во бараж?

661

Утре од 17 часот се играат четири меча од последното 33.коло во нашата елитна фудбалска лига. Познато е дека Шкендија е шампион, Силекс и Работнички ќе играат исто така во Европа, а последниот учесник на евросцената ќе го добиеме по финалето во Купот на Македонија (21.05).

Одамна е познато е дека Воска и Гостивар веќе се испаднати, па така останува само една непозната, тоа е кој тим ќе заврши како десетти и ќе игра бараж за опстанок во ПМФЛ со третиот од ВМФЛ.

Во пресрет на последното коло Брера има 31 бод и е на 9.место на табелата, а Беса има 30 бодови и е на 10.место.

Брера игра дома со Работнички а Беса му гостува на Пелистер во Битола. Да кажеме дека струмичани имаат подобар меѓусебен скор.

Еве што им треба на двете екипи да го избегнат тоа десетто бараж место:

-Брера ако победи со Работнички се е готово, таа е деветта. Може и со реми па дури и со пораз, но тогаш не смее Беса да слави во Битола.

-Беса како прво мора да победи во Битола и да се надева дека Брера ќе биде поразена дома од Работнички или ќе одигра нерешено.

Од ова произлегува дека Брера сама си одлучува, а Беса и да победи ќе зависи од исходот во Струмица.

ФОТО: ФК Брера/ФБ

ПретходноЈамал не го заборави главниот „виновник“ кој му даде шанса
СледноТренерот на АЕК со порака до фановите пред мечот со Алкалоид: Дојдете да доживееме уникатно искуство!