Џереми Фримпонг е многу блиску до трансфер во Ливерпул.
Англискиот клуб постигна договор со Баер (Л) за трансферот на 24-годишниот дефанзивец, информирајќи го клубот од Леверкузен за активирање на откупната клаузула од 35 милиони евра.
Холанѓанецот ќе потпише 5-годишен договор со англискиот шампион, објави и Фабрицио Романо. Датумот за лекарскиот преглед во моментов се утврдува.
Фримпонг во тековната сеозна одигра 33 натпревари, постигнувајќи 5 гола и реализирајќи 5 асистенции.