Митев: Поминавме тежок пат, но дојдовме до момент кога можеме да испишеме историја!

189

СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева

Еден ден го дели Алкалоид од првото историски финале во ЕХФ Европскиот Куп. Кирил Лазаров и неговите момци веќе се во Атина каде утре (18 часот, директен пренос на МРТ) ќе ги одмерат силите со АЕК. Грчкиот тим е фаворит, бидејќи во составот има странски и искусни имиња. Но, од друга страна пак актуелниот освојувач на Купот на Македонија на крила на младите ракометари успеа да стигне до финале.

Еден од оние млади имиња кои добиваат голема шанса од Лазаров е Дамјан Митев. Тој ја користи максимално секоја доверена минута. Митев, како и сите останати момци имаат уникатна шанса, многу рано во своите кариери да освојат европски пехар, не гледајќи го мечот од клупа, туку со битка на теренот.

Дамјан, кој има 18 години, верува во квалитетот што го поседуваат, што пак е најважно. Клучно за гостувањето во Атина ќе биде фокусот, од прва до последна минута.

„Поминавме тежок пат, но доаѓаме до момент кога можеме да испишеме историја на клубот и да го освоиме пехарот во ЕХФ Европскиот Куп. Првиот меч го играме на гостински терен и ќе биде клучно да бидеме максимално фокусирани. Се подготовуваме за противникот имаме имаме квалитет, можеме да ја оствариме целта. Во финалната серија влегуваме по успешен настап со репрезентацијата. Тоа секако позитивно влијае врз самодовербата и ќе биде мотивирачки момент и за престојните натпревари со АЕК во финалето“, изјави Дамјан Митев.

Реваншот меѓу Алкалоид и АЕК е закажн за 25 мај во СЦ „Борис Трајковски“, билетите ќе бидат пуштени во продажба од понеделник, а цената е популарна, 200 и 300 денари.

ПретходноОфицијално: Хујсен е нов член на Реал Мадрид!
СледноЛапорта потврди: Ханси Флик ќе остане најмалку до јуни 2027!