Емотивно синоќа беше на “Вила Парк“ во Бирмингем по победата на Астон Вила против Тотенхем. Имено голманот Емилиано Мартинез се расплака, како да сакаше да каже дека ова му е последен меч за Вила пред своите фанови.
Имено познато е дека светскиот првак со Аргентина и според ФИФА најдобриот голман во светот, веројатно ќе прави сензационален трансфер во Саудиска Арабија.
По мечот тренерот Унаи Емери не беше дециден за тоа дали Мартинез си оди или не:
“Ќе видиме. Ова за нас беше последен меч оваа сезона на нашиот стадион, сега не би можел да говорам за играчите и за екипата што ќе се случува во преодниот рок“
ФОТО: ФЦ Астон Вила/ФБ