Денеска на програмата се еден од 7.коло во плеј – офот во ракометната Суперлига и два од плеј – аутот.
Јасно е дека сите погледи се свртени кон Битола каде вечерва во 19 часот РК Пелистер го пречекува Охрид во салата “Боро Чурлевски“. Охрид е квалитетен состав, подготвен за секакво изненадување, ама Пелистер мора ама баш мора да победи ако сака и натаму да ја продолж трката за титулата со Вардар кој вчера успеа да победи со Бутел. Па така сега варцарци се на врвот на табелата со 15 бодови, два повеќе од шампионот, но и меч повеќе.
Од ова произлегува дека за Пелистер се освен победа вечерва со Охрид ќе биде рамно на катастрофа.
Останатите два меча се од плеј – аутот. Во 12 часот екипата на Куманово ја дочекува Струга, додека Пролет од во 19.30 часот игра дома со Прилеп.