Сега и Атлетико Мадрид прашува за Влаховиќ, Јуве чека официјални понуди!

122

Веќе извесно време јасно е дека Душан Влаховиќ не сака да потпише нов договор со кој би се ревидирале неговите примања во Јувентус, а сегашниот му истекува следниот јуни во 2026. По ова Јуве сака да го продаде, чека официјални понуди.

Според медиумите во Италија последен на листата кој е силно заинтересиран за Србинот е Атлетико Мадрид. Дали тоа значи дека Диего Симеоне е подготвен да го продаде Хулиан Алварез, се споменуваше Барселона па затоа на негово место би го донел Влахови, засега не е јасно.

Инаку пред да влезе во онаа слаба и непрепознатлива форма во последните неколку месеци, за Влаховиќ имаше голем интерес од повеќе европски клубови како Челзи, Арсенал, па Барса се споменуваше, а во последено време во “игра“ е и Њукасл.

ФОТО: ФЦ Јувентус/ФБ

ПретходноШампионот декласиран: Никси во финалето на истокот! (ВИДЕО)
Следно“Гореше“ во Барселона: Јамал и другарите славеа титула, Иниго Мартинез падна од автобусот! (ФОТО+ВИДЕО)