Стојковиќ: Не се задоволуваме само со финале, сакаме да го освоиме пехарот!

131

СпортСпорт во Атина, Марија Ковачева

Марко Стојковиќ навреме се рехабилитираше и ќе му биде на располагање на Кирил Лазаров за утрешната прва финална битка против АЕК на гости во рамките на ЕХФ Европскиот Куп.

Алкалоид максимално ги искористи деновите за подготовка за двата историски меча. Желбата е една – европски пехар. Задачата не е лесна, бидејќи АЕК е тим со искусни имиња, но мотивот е голем кај сите во таборот на актуелниот освојувач на Купот на Македонија.

„Максимално ќе се подготвиме. Работиме напорно неделава за претстојните натпревари од финалето на ЕХФ Куп. Ќе одиме на победа на двата натпревари, како и секогаш. Сите знаеме што значи да се игра финале. Сакаме да го освоиме Купот, тоа не е мала работа. Нормално е да има позитивен притисок, не се задоволуваме со тоа што стигнавме до финале, сакаме да го направиме и тој последен чекор. Ако играме сите максимално посветено и ангажирано, имаме шанса да оствариме позитивен резултат“, вели Марко Стојковиќ.

Мечот меѓу АЕК и Алкалоид се игра утре со почеток во 18 часот во Атина, МРТ ќе врши директен пренос.

ПретходноПМФЛ-последно коло: Шампионска фешта под Шара, битка за избегнување на баражот во Струмица и Битола!
СледноПелистер на мегдан со Охрид, шампионот мора ама баш мора да победи!